Новата вакцина од Австрија штити од сите варијанти на коронавирусот
Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена.
Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон.
Медиуми наведуваат дека додека постоечки генетски вакцини против ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.
– Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот – појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента, од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.
Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание Алерџи.
Ново на Сител
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа