Новата книга за Хари Потер „под лупа“ на британската тајна служба
Во рамки на тајните акции за заштита на националната безбедност на земјата, британската тајна служба ГЦХК ја аналиизрала се уште необјавената книга за Хари Потер, чии делови се појавија на интернет, објави издавачот на книгата.
Имено, набрзо по објавување на последното издание на седумделната сага за момчето волшебник на британската писателка Ј.К. Ровинг, издавачот Најџел Њутон добил необичен телефонски повик.
- Се сеќавам дека ме повика агент на ГЦХК и рече дека е пронајдена копија од книтата на интернет, изјави Њутон во интервју за австралиското радио Еј-Би-Cи.
- Јас му реков да и прочита една страница на нашата уредничка, а таа на тоа одговори дека станува збор за фалсификат, изјави Њутон, основач и извршен директор на издавачката куќа „Блумсбери“, нарекувајќи ги шпионите „добри момчиња“.
ГЦХК не сакаше да ги коментира ваквите наводи, а претставник на агенцијата изјави дека „не ги коментираат нивните одбрани од силите на злото“.
Читателите на книгата за Хари Потер им е познато дека „одбраната од црна магија“ е меѓу наставните предмети во училиштето за волшебници „Хогвартс“, каде учениците учат како да се одбранат од лошите волшебници.
Ново на Сител
-
Српската полиција уапси седуммина активисти на здружението „Не го даваме Јадар“
-
Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори
-
Столтенберг: Ако Путин победи во Украина, тоа ќе го охрабри и кинескиот лидер
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со температури до 39 степени
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје