Новата грчка Влада денеска ќе положи свечена заклетва
–Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, новата грчка Влада денеска ќе положи свечена заклетва во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.
Веднаш по заклетвата, новите министри ќе заминат за Министерствата за примопредавање на функциите од нивните претходници од службената Влада.
Владиниот состав вчера го соопшти новиот портпарол на Владата, Павлос Маринакис, откако претходно Кирјакос Мицотакис положи свечена заклетва како нов премиер на Грција.
Министер за надворешни работи ќе биде до неодамна државниот министер Јоргос Гераптертитис, а на заменичките места поставени се Александра Пападопулу, искусна дипломатка, која меѓу другото, во минатото беше и амбасадорка на Грција во Скопје, Јоргос Коцирас, како и Костас Франкојанис кој ја задржува досегашната позицијаПретходниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас заминува во Министерството за одбрана каде што ќе има двајца заменици.
Во Министерството за финансии и национална економија доаѓа Костис Хаѕидакис, кој претходно беше министер за труд, а претходниот министер за финансии Христос Стајкурас оди во Министерството за животна средина и енергетика.
Досегашниот алтернативен шеф на дипломатија надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис ќе биде министер за поморство, а во Министерството за миграција и азил доаѓа професорот Димитрис Керидис.
Претходниот министер за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис оди во образование на местото на Ники Керамеос која е новата министерка за внатрешни работи.
На местото на Василис Кикиљас во министерството за туризам, кој ќе биде министер за климатски кризи, доаѓа Олга Кефалојани.
Паралелно се формира ново Министерство за социјална кохезија и семејство во кое и министерката и заменичката се жени, а единственото министерство во кое нема промени на министерската позиција е она за култура.
Во сите други Министерства има ротации на челните позиции и нови личности, а во Владата има и тројца државни министри.
По денешната свечена заклетва и официјалното преземање на функциите, утре ќе се одржи прва владина седница.
Ново на Сител
-

16,7 милиони денари префрлени за наводна набавка на пилешки нозе – Финансиската полиција откри шема
-

Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
-

До сабота стабилно време, од понеделник дожд
-

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките
-

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
