Бизнис
18. July 2019 - 11:34

Нова турска инвестиција во зоната во Скопје

Балканлар Пластик ќе инвестира од 7.5 до 10 милиони евра во Бунарџик. Фабриката ќе произведува производи од пластика. Првично ќе бидат вработени 80 лица, а тенденцијата е да се отворат во иднина вкупно 306 нови работни места.
 
-Турција е еден од нашите најголеми партнери. Во 2018 вкупните инвестиции од таму во земјава изнесувале 36.2 милиони евра, а само во првиот квартал годинава изнесуваат 16,3 милиони евра. Тоа е доказ дека земјава ја зголемува соработката со земјите од развиениот свет, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
 
-Новата инвестиција е доказ за стабилноста. Бројот на странските инвестиции расте. Ние сме земја која овозможува профит, а за нас тоа значи отворање на нови работни места, рече премиерот Зоран Заев.