Нова тропска бура се приближува кон источниот брег на САД, се очекува во Северна Каролина
Нова тропска бура се формира во Атлантскиот океан во близина на источниот брег на Соединетите Американски Држави и подоцна денеска се очекува да стигне до брегот на државата Северна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НЦУ) на САД.
Невремето доцна синоќа се приближи до бреговите на Јужна и Северна Каролина со максимални постојани ветришта од околу 65 км/ч.
НЦУ издаде предупредување за силно невреме, а во некои делови на брегот на Северна Каролина се очекуваат бранови високи до 1,5 метри.
Иако ја достигна силата на тропска бура, сè уште не е именувана и метеоролозите ја нарекуваат потенцијален тропски циклон 16.
Националниот центар за урагани го дефинира потенцијалниот тропски циклон како нарушување што претставува закана за појава како тропска бура или ураган во рок од 48 часа.
Метеорологот Марија Торес, која е задолжена за јавните работи во НЦУ со седиште во Мајами, рече дека населението долж американскиот брег на Атлантикот треба да го следи напредокот на бурата, да складира резерви и да се подготви за нејзиното пристигнување на копно.
Ново на Сител
-
Тројца осомничени за напад врз полициски службеници во Скопје
-
Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства
-
Група машки лица дивееле по Кавадарци, оштетиле куќи, покуќнината и три возила
-
Славески: Рано е да има каков било ефект од американските царини
-
Возач и сопатничка починале на лице место откако со „ауди“ излетале од патот
-
Мотоцикл удрил во 79-годишен велосипедист во струшко
-
Судењето за Раде Штекли одложено, одбраната вели страда од растројство и има халуцинации и параноидни идеи
-
Делчевчанец и се заканувал на поранешната сопруга и пишувал вулгарни пораки на својата малолетната ќерка