Свет
26. December 2016 - 15:50

Нова трагедија на Божик, се преврте брод, се удавија најмалку 30 лица

Најмалку 30 членови на еден локален фудбалски клуб во Уганда и нивни навивачи се удавија откако бротчето на кое се одржувала забава се превртело во езерото Алберт, соопшти денеска локалната полиција. 

Несреќата се случила вчера, на католички Божик. 

- Водата беше мирна, но проблемот се создал кога луѓето преминале на едната страна на бротчето и тоа се превртело, истакна командатот на полицијата Џон Рутагира. 

Тој додаде дека 15 лица се спасени.