Македонија
8. July 2015 - 11:35

Нова средба на мелничарите и производителите на пченица

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи уште една заедничка средба на мелничарите и производителите на пченица.

На средбата ќе присуствуваат и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство, а ќе стане збор за актуелната состојба со откупот и цената на лебното жито.

Ова е трета средба на која двете страни се обидуваат да ги усогласат своите ставови и барања.