Нова средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја

Северникорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин се сретнаа денеска во местото Панмунџом во демилитаризираната зона долж границата на двете Кореи.
Како што соопшти Кабинетот на Мун, на оваа втора средба на двајцата лидери станало збор за имплементацијата на договореното на нивниот претходен состанок одржан на 27 април, како и за можноста за одржување средба меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.
- Двајцата лидери имаа отворена размена на мислење за спроведувањето на Декларацијата од Паммунџом, усвоена на 27 април, како и за неопходноста од одржување на средба на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја, се наведува во сооопштението, при што се додава дека Мун утре ќе соопшти повеќе детали од денешните разговори, кои траеле повеќе од два часа.
Трамп синоќа најави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, иако во четвртокот официјални соопшти дека ја откажува нивната средба закажана за овој датум.
Американскиот претседател порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри", додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.
Ново на Сител
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
-

МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни
-

Обвинителство поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет, која е бранител на еден од обвинетите
-

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
-

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд
-

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис
