Нова снежна покривка во Источна Македонија
Источна Македонија е под нова снежна покривка од околу 15 сантиметри. Според надлежните, сите магистрални и регионални патни правци се проодни и нема завеани или отсечени села.
Според техничикиот раководител на регионалната подружница на ЈП Македонија пат Кире Коцев, на магистралните и регионални патни правци во текот на денот се фрлени околу 200 метри кубни абразивен материјал. Екипите на Македонија пат ги исчистеле и патиштата кои водат до зимските туристички центри, до планините Пониква и Плачковица од штипска и радовишка страна.
На возачите им се апелира да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните сообракајни прописи.
Во Штип утринава екипите на ЈП Исар ги исчистија сите тротоарни површини во централното градско подрачје и кај Градскиот пазар, додека екипите на ЈП Стипион интервенираа на улиците од прв и втор приоритет.
Ново на Сител
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот