Македонија
19. January 2017 - 14:13

Нова снежна покривка во Источна Македонија

Источна Македонија е под нова снежна покривка од околу 15 сантиметри. Според надлежните, сите магистрални и регионални патни правци се проодни и нема завеани или отсечени села. 

Според техничикиот раководител на регионалната подружница на ЈП Македонија пат Кире Коцев, на магистралните и регионални патни правци во текот на денот се фрлени околу 200 метри кубни абразивен материјал. Екипите на Македонија пат ги исчистеле и патиштата кои водат до зимските туристички центри, до планините Пониква и Плачковица од штипска и радовишка страна.

На возачите им се апелира да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните сообракајни прописи.

Во Штип утринава екипите на ЈП Исар ги исчистија сите тротоарни површини во централното градско подрачје и кај Градскиот пазар, додека екипите на ЈП Стипион интервенираа на улиците од прв и втор приоритет.