Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку се анализираат официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, до 9,30 часот утрово беа регистрирани 13 земјотреси над 4 степени, од кои еден беше 5 степени, додека пак рано утрово во период од нешто помалку од два часа имаше 22 земјотреси над 3 степени, а најсилните беа 4,6, 4,8 и 4,9 степени.
За синоќешниот земјотрес од 5,3 степени, што беше и најсилниот досега, претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ рече дека „не можеме со сигурност да кажеме дека тоа е главниот земјотрес“, додека сеизмологот Герасимос Пападопулос на социјалните мрежи коментираше дека силниот земјотрес ја избриша „малата трошка оптимизам“.
Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 8 февруари, биле регистрирани над 12,800 земјотреси.
За попладнево е закажан нов состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за да се оцени ситуацијата.
Членовите на комисиите во текот на викендот одлучија училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите да бидат затворени и оваа седмица.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа