Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк

Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА.
Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.
Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во Брисел на 11-ти и 12-ти минатиот месец.
Тогаш беше најавено дека медијаторот Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се најде решение.
Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, за конечно затворање на дводеценискиот спор за името.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во изминатите денови изјавија дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на 2018 година.
Ново на Сител
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
-

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека во Украина сè уште трае војната
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
