-->
-->
Нова рунда преговори за името на 25 април во Виена
-->

Информацијата истовремено, како што јави дописничката на МИА од Атина, ја потврди и грчкото МНР.

Грчкиот информативен портал Ин минатата недела објави дека новата средба се планира под голема тајност, но индиректно ја поврзува и со изјавата на Коѕијас за радиото 247 дека не може да се постигне договор до јулскиот НАТО Самит.
- Многу веројатно е новите разговори да се однесуваат на временскиот период, нешто што се спомена и по средбата во Охрид, пишува Ин.
Никола Димитров и Никос Коѕијас, како што веќе беше соопштено по нивната средба во Охрид, ќе се сретнат и на двете конференции кај јужниот сосед, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио.
Првата е регионална конференција со учество на Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, која веќе неколку пати се има одржано во истиот формат и се однесува на меѓуграничната соработка.
На 11 и 12 мај, местото Сунио на 70-тина километри во Атина, познато по Храмот на Посејдон, ќе биде домаќин на Конференцијата за иднината на Европа.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, на конференцијата ќе учествуваат претставници на вишеградската четворка (Словачка, Чешка, Унгарија и Полска) и балканските четворка, односно земјите од членки на ЕУ од регионот (Бугарија, Хрватска, Романија и Грција), како и државите кандидати за членство во унијата, меѓу кои и Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна
-
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК
-
За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар
-
Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци