Нова регулатива за судовите и за Судскиот совет

Собранието на Република Македонија на денешната 45. седница ги донесе измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет.
Дел од измените на Законот за судовите предвидуваат судија да може да одговара дисциплински, доколку без оправдана причина не ги закажува рочиштата по предметите, ја одолжува постапката или не го зема предметот во работа поради што настапува застареност на кривичното гонење, односно на извршувањето на кривичната санкција за кривичното дело.
Според овој Закон, претседател на суд може да биде разрешен од функцијата кога Судскиот совет ќе утврди неприменување на одредбите во врска со управувањето и распределбата на судските предмети и кога се повредени одредбите за измена на годишниот распоред на судии.
Судија може да биде разршен и доколку открива доверливи информации што ги спознал, постапувајќи по предметите или вршејќи ја судиската функција.
Со донесувањето на дополнетиот Закон за Судскиот совет, на член на Советот, додека му трае мандатот, не може да биде избран за судија, за судија во повисок суд или за претседател на суд.
По предлог на ВМРО-ДПМНЕ од Законот е избришан членот според кој министерот за правда и претседателот на Врховниот суд како членови на Советот учествуваат во работата на СС без право на глас. Член на Советот може да биде оддалечен од вршењето на функцијата ако против него е одобрен обвинителен акт. Одлука за привремено оддалечување од функцијата донесува Советот со дво-третинско мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас, при што од седницата и од гласањето се иззема членот на Советот против кој е поведена постапката.
Законите за судовите и за Судскиот совет се дел реформскиот пакет закони што Република Македонија го најави како задача пред домашната и меѓународната јавност.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
