Македонија
10. November 2023 - 12:21

Нова противпожарна опрема во струмичкиот регион

Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица доби специјализирано возило со кое во иднина ќе може многу полесно и побрзо да ги детектира шумските пожари и да ја следи нивната состојба.  Возилото кое е набавено преку ИИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција е опремено и со технолошка опрема неопходна за ноќни операции.

Проектот за рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи се реализира во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој во изминатите неколку години реализираше повеќе проекти за превенцијата и ефикасност во гаснењето пожари.

Во рамки на истиот проект, преку Центарот за Развој на ЈИ регион се обезбедени уште четири специјализирани возила за противпожарните единици во Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија.