Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска при посетата на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември.
- Една од точките ќе биде секако пресметувањето на просечната потрошувачка кошничка, којашто беше дадена на увид на синдикатите и работодавачите да ја видат, доколку ја одобрат. Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард, вели Ристески.
Прашан кои параметри ќе бидат земени при пресметката на новата просечна потрошувачка кошничка, Ристески вели дека ќе се земаат цените од најголемите супер маркети.
-Па видите ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, вели Ристески.
Тој додаде дека ова нема да биде единствена кошничка, која ќе се пресметува за првпат од официјална институција.
-Понатаму рачунаме да се пресметуваат и други кошнички какошто е за двочлено, трочлено семејство, бидејќи оваа просечна ќе биде за најмалку за четири члено семејство, потоа за пензионери итн. Тоа се понатаму ставови, коишто треба да ги разговараме и договараме во рамките на Економско-социјалниот совет, вели Ристески.
Што се однесува за минималната плата, Ристески посочи дека ние имаме постојан Закон за пресметување на минимална плата.
-Така да порамнувањето треба да се случи кон крајот на март, 31 март 2026 година. Меѓутоа ние сме секако отворени, транспарентни како Влада и Министерство за економија и труд, да ги послушаме и синдикатите и работодавачите. Доколку важи она што е предложено пред синдикатите и работодавачите, доколку се договорат за промена на постојната формула, за повисока плата, ние како Влада тоа ќе го испочитуваме. Се додека не се договорат ние имаме Закон кој мора да го почитуваме и според тој Закон според пресметките зголемувањето на минималната плата треба да изнесува од 1.700 до 2.000 денари, рече Ристески.
МИА
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
