Тенис
8. September 2016 - 13:30

Нова победа за Јотовски на Златибор

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ја оствари и втората победа на фјучрсот на Златибор. Тој денеска во два сета со 2-0 го победи Аљаз Јакоб Капља од Словенија. Мечот траеше 88 минути. 
Јотовски имаше три брејка во мечот од пет можности, додека Капља иако имаше 10 брејк шанси не искористи ниту една.
Во четвртфиналето утре нашиот тенисер ќе игра против четвртиот носител Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина. Фатиќ се наоѓа на 609.место на АТП листата, денеска го победи Германецот Пирмин Хаенле со 2-0 во сетови.