Ракомет
17. August 2016 - 17:43

Нова победа на младите македонски ракометари

Нова , трета победа во низа на машката македонска ракометна репрезентација до 18 години.
 
Македонските надежи попладнево ја победија  Украина минимално со 28-27 во натпревар од 4.коло на Европскиот шампионат (дивизија Б) што се одржува во Варна. 
 
Најефикасен во редовите на црвено-жолтите беше Димитар Димитровски кој постигна 10 гола 
 
Утре е слободен ден, а во петок Македонија ќе игра против селекцијата на Косово.