Тенис
28. July 2022 - 19:54

Нова победа на Ивановски во Австрија

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски одигра добар меч во Австрија и се пласираше во четвртфиналето на  фјучрсот во Котингбрун .
Младиот Македонец  за противник го имаше Италијанецот Андреа Гериери и го совлада со 2:0 во сетови.
За Калин ова е втор триумф над Италијанец во Австрија, а следен противник ќе му биде домашниот тенисер Петар Голдштајнер.
На истиот турнир, Ивановски во четвртфиналето во двојка со  Адам Јурајда се поразени со 2-1 од 
германско-кинескиот дубл Шел-Сун .