Нова опрема и вработувања во битолската Клиничка болница
На Одделението за офталмологија во Клиничката болница во Битола набавен е современ медицински апарат за испитување на задниот сегмент на окото.
Директорот на Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски, Зоран Лазаров изјави дека станува збор за апарат за оптичка кохерентна томографија, набавен со средства од буџетот на Болницата.
- Апаратот е веќе инсталиран, а од идниот месец ќе биде во функција за клиентите на Одделението за офталмологија. Со апаратот се овозможува ОСТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото и освен најнов апарат, тој е и прв во јавното здравство во нашата држава. Со набавката на апаратот, пациентите нема да чекаат за лекарски преглед кој се одолжуваше и за три месеци, нема да патуваат во друг град, ниту ќе се изложуваат на високи приватни трошоци, бидејќи лекарскиот преглед и лекувањето ќе се вршат со партиципација и закажување преку „мој термин“, појасни Лазаров.
Освен со нова медицинска апаратура, Клиничката болница во Битола наскоро ќе се зајакне и кадровски со нови 70 нови вработувања.
- Според структурата на потребите од нови вработувањ,а најголем дел се лекари, но и медицински сестри, акушерка, дипломиран фармацевт, радиолошки и фармацевтски техничари, физиотерапевти, инженери по безбедност при работа, болничари, молери и друг неопходно потребен кадар. Со ова крупно ресурно засилување, Клиничката болница ќе ја зголеми ефикасноста во пружањето медицински услуги на високо ниво, вели Лазаров
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови