Свет
14. November 2015 - 21:08

Нова несреќа на ден по терористичките напади во Париз

Во тешката несреќа недалеку од Стразбур загинаа најмалку седуммина, а повеќе граѓани се повредени, јавуваат француските медиуми.
 
До несреќата дошло кога брз воз излетал од шините, паднал во каналот Рајна- Мајна и се запалил.
 
Возот бил на пробно возење и пренесувал 60-тина техничари.
 
Инцидентот се случил попладнево. АФП јавува дека веројатно до несреќата дошло заради преголема брзина. Хеликоптери наплетуваат над местото на несреќата од каде нема информации за точен број на повредени и жртви. 
 
Возот сообраќал на нова линија Стразбур- Париз. Неколку вагони паднале од мост во каналот по што се запалиле. Оваа несреќа се случува ден по терористичките напади во Париз.