Нова музичка забрана: Од понеделник забранета и црногорска и словенечка музика
Авторските здруженија на Црна Гора и Словенија, ПАМ и САЗАС, забранија емитување на музика од нивните композитори и изведувачи во електронските медиуми во Македонија и се приклучија на бојкотот кој го наметна српското здружение СОКОЈ.
„Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила почнувајки од понеделник, 10.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ПАМ и САЗАС, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет. За спроведување на овие забрани, од страна на ЗАМП е ангажирана независна мониторинг агенција која е задолжена да го евидентира користењето на авторските музички права односно евентуалните повреди на авторските права на членовите и штитениците на Сокој-Србија. ПАМ-Црна Гора, САЗАС-Словенија и ЗАМП Македонија“, соопштија од ЗАМП.
Да потсетиме дека ЗАМП од 20-ти септември воведе забрана за радиодифузно емитување на македонска музика од околу 6000 автори за кои тие тврдат дека ги застапуваат по конфликтот со Министерството за култура поради формирање на паралелно здружение СОКОМ МАП и уривање на тарифникот, како и закани за одземање на нивната лиценца.
Ново на Сител
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско