Нова книга за Скопје од Данило Коцевски

На „Скопско лето“ вечер во Музеј на Град Скопје од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопски легенди“ од Данило Коцевски, во издание на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Со своите текстови и книги Коцевски (1947) стана еден од најпознатите хроничари на Скопје од крајот на 20-тиот и почетокот на 21 век. Рецензентката на неговата најнова книга, писателката Весна Ацевска, пишува дека и овојпат Коцевски отвора широка слика од речиси целокупната историја на Скопје - античкиот, средновековниот, османлискиот, периодот на балканските и Првата светска војна.
- Во тој контекст, авторот посебна нагласка става врз периодот помеѓу двете светски војни и на предземјотресното Скопје кое во еден општ термин се опфаќа како феномен на Старо Скопје. Но тука се опфатени и феномените, настаните и случувањата по скопскиот земјотрес со многуте специфики од тогашниот живот. Коцевски прави и една синтеза бидејќи пишува и за современото Скопје кое на еден или на друг начин го продолжува урбаниот дух на градот, пишува Ацевска во рецензијата.
Во книгата е одбегнато досегашното визуелно претставување на Скопје преку фотографии на објекти и архитектура, и се донесуваат раритетни фотографии директно земени и зачувани во семејните албуми.
- Така на пример се откриваат интересните животни судбини, животописи, но и непознати фотографии од основачот на скопската зоолошка градина и членовите на неговото семејство, преписката на големиот писател Томас Ман со Скопје и професорката на скопскиот факултет Аница Ребац, присуството во Скопје за време на Првата светска војна на две личности помалку понати кај нас, лејди Вимборн, тетката на Винстон Черчил, како и познатата хуманистка и медицинарка лејди Пеџет која на крајот од 1914 година формирала болница во скопската гимназија „Идадија“ и несебично им помагала на скопјаните за време на војната..., открива рецензентката Ацевска.
На филмската програма „Кафе кино“ во рамки на „Скопско лето“, во ФЛУ - Сули ан вечер од 21 часот ќе биде прикажан американскиот трилер „Автопат на смртта“ (Collide) од 2016 година, во режија на Ирен Криви.
Ново на Сител
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
-

Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките
-

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
-

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
