Нова канализација во Влае 1
Општина Карпош денеска ја почна изградбата на атмосферска и фекална канализација на неколку улици во Влае 1. Проектот вреден околу 11,5 милиони денари ќе ги реши проблемите на граѓаните кои живеат во населбата Влае, на улиците „Франце Прешерн“, „Корушка“ и „Влае“.
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски информира дека во моментов се работи на фекална и атмосферска канализација на улицата „Франце Прешерн“ која ќе се поврзе со улицата „Корушка“. Во исто време се работи атмосферска канализација на улицата „Влае“.
- По должината на улицата „Франце Прешерн“ ќе ги зафатиме и уличките кои се лево и десно од неа и кои ќе се приклучат на оваа атмосферска канализација. Со тоа очекуваме дека наредните 50 години граѓаните нема да имаат проблеми со излевање на фекалната канализација, рече Јакимовски и додаде дека по завршувањето на инфраструктурниот дел, следува промена на рабниците, на тротоарите, како и ново улично осветлување.
Инфраструктурни проекти во моментов се реализираат и на улиците „Струшка“, „Алжирска“ и „Багдатска“.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25