Нова група словачки полицајци во зедничка патрола на границата со Грција
Нова група од 25 припадници на полицијата на Република Словачка ќе пристигнат во Македонија на 23-ти овој месец. Ова е шеста ротација на полицајци од Словачка кои ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија.
Словачките полицајци, врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија, спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Словачка во 2016-та година има испратено вкупно 125 полициски службеници, што, како што наведуваат во соопштението од Словачката амбасада во Македонија, е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Македонија.
- Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекст на неодамна завршеното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите беше „одржлива мигрантска и азилска политика”, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро