Нова фолклорна сценска адаптација за празникот Богојавление
Етнологот од Битола Валентин Соклевски кој неодамна магистрира на катедрата за етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ја претстави сценската адаптација на охридските староградски игри и песни посветени на празникот Богојавление.
Големиот празник Богојавление или Водици кој во Охрид се слави и се повеќе претставува атрактивен настан беше само еден од мотивите да изработам сценска адаптација на охридските староградски игри и песни, а за што поддршка беше обезбедена од Министерството за култура, истакна етнологот Соклевски.
- Со оваа сценска адаптација се прикажува дел од обичајот што се случувал во првата половина од 20 век. Тајфите кои што учествуваат во фаќањето на крстот, а потоа заедно со лицето што ќе го фати крстот придружувани од музичари чалгии, одат од куќа во куќа, собираат пари и вечерта прославуваат. Во рамките на сценската адаптација обработени се и се презентираат ора и песни од Охрид и Охридско како што се „Велгошко“, „Свињишко“, „Калајџиско-Сирто“ и „Чамче“, и се пее песната „Бог да бие Русе“, истакна Соклевски.
Премиерната изведба на новата фолклорна сценска адаптација инспирирана од одбележувањето на празникот Богојавление во Охрид ја приредија членовите на КУД „Илинден“ при одбележувањето на 60-от роденден, а очекуваат да ја одиграат и во Охрид.
- Овој фолклорен мозаик во кој што се прикажува дел од обичајната и песнопојната култура од Охрид го изведуваат 12 момчиња и 12 девојчиња облечени во староградска облека од Охрид. За време на изведбата се презентира ентериерот на Охридската куќа, маси и столици, послужавници, сервис од стаклени чаши, а во рамките на обичајот се користи иметален црковен крст. Изведбата на сценската адаптација трае 16 минути и во текот на цело време се игра и се пее со поддршка на ансамблот „Ветерани“ при КУД „Илинден“, посочи Соклевски.
Етнологот Валентин Соклевски е автор на десеттина сценски адаптации меѓу кои „Градски, селски Велигден“ кој се одбележува во Битола, „Лазарски обичај од Гермијан“, „Лазара од Бојмија“, сценска адаптација на традиционални песни и игри од Леринско Поле, сценска адаптација на „Русалиски игри“ и други сценски адаптации преку кои денес се промовира традиционалната и автентична игра и песна од минатото.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз