Нова експлозија во кинескиот град Љуџоу
Нова експлозија оддекна денеска во јужниот кинески град Љуџоу, откако вчера во низа експлозии на бомби од пакети, доставени до јавни згради, загинаа најмалку седум лица, а повредени се над 50 луѓе.
Засега не е познат сторителот на експлозиите, пренесуваат државните кинески медиуми, наведувајќи дека постои сомнеж тоа да е дело на криминалци.
Официјалната кинеска агенција Синхуа наведува дека вчера се случиле вкупно 17 експлозии на 13 локации во градот, во покраината Гуангси, во југозападниот дел на Кина.
Експлозии се случија во болници, пазар, маркети, автобуски станици и владини згради, како што се згради на општината, центарот за контрола на болести и зграда за владини службеници.
Полицијата експлозиите ги оцени како терористички акт, бидејќи се случија непосредно пред кинескиот Ден на државноста.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз