Нова донација за кичевската градинка „Олга Мицеска“
Во кичевската градинка „Олга Мицеска“ денеска беа донирани постелнини и перничиња од страна на компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.
Директорот на единствената градинка во Кичево, Садик Ахмети, изрази благодарност за донацијата.
- Да се биде хуман значи да ги сакаш луѓето, да посакуваш добро и среќа, да бидеш сочувствителен кон нив, да ја поттикнуваш нивната радост. Она што нè носи заедно со сите други луѓе е токму фактот дека сме луѓе и човечки суштества, истакна Ахмети.
Тој рече дека оваа година бројот на деца во градинката е зголемен за една третина во споредба со ланската, а со пуштање во употреба и на новиот објектот во населба Пашино капацитетот уште повеќе ќе се зголеми.
- Новиот објект кој е донација од турската организација „Тика" наскоро, по текничкиот прием, се очекува да биде пуштен во употреба, наведе Ахмети.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари