Нова демократија со водство од 14,5 отсто пред СИРИЗА

Владејачката партија во Грција, Нова демократија, има предност од 14,5 отсто во однос на СИРИЗА, според последното истражување на јавното мислење од 14 до 16 септември, спроведено од агенцијата MRB за грчката телевизија Стар. Во продолжение, следат Движење на промена, Комунистичката партија, МЕРА 25 и Грчко решение.
Според резултатите од анкетата, актуелната грчка влада, добива позитивни оценки од испитаниците и во однос на претставувањето на Меѓународниот саем во Солун и во однос на досегашните активности.
Од анкетираните, 61,4 отсто ја оцениле позитивно (сигурно позитивно или веројатно позитивно) досегашната активност на грчката влада, а речиси 5 од 10 Грци (49,7 проценти) сметаат дека Кирјакос Мицотакис ќе ги исполни неговите предизборни ветувања.
Истражувањето било спроведено по Меѓународниот саем во Солун каде што во период од една седмица, своите програми ги претставија актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.
Претседателот на грчката влада, добива позитивни, поранешниот грчки премиер негативни оценки за претставувањето на саемот. Поконкретно, Мицотакис, 46,5 отсто од испитаниците го оцениле позитивно, а само 14,6 проценти негативно. Од друга страна, Ципрас, позитивна оценка добива од 22,1 отсто од анкетираните, а негативна од 36,9.
Според тоа за кого анкетираните имаат поволно мислење, прв е актуелниот премиер, со 45,5 отсто, а со речиси 10 проценти помалку, следи лидерот на СИРИЗА (35,6 проценти).
Посоодветен за премиер и според ова истражување е Кријакос Мицотакис.
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
