Балкан
21. July 2015 - 11:34

Нова демократија против предвремени избори во Грција

Лидерот на грчката најголема опозициска партија Нова демократија Вагелис Мимаракис изјави дека е против предвремени избори и изрази намера да соработува со премиерот, јави дописникот на МИА од Атина.

- Изборите ќе бидат катастрофа за економијата, рече Мимаракис во интервју за јавниот радиодифузен сервис, додавајќи дека неговата партија ќе победи доколку тие се одржат.

Според него, договорот постигнат со кредиторите е враќање назад, и единствен виновник за тоа е премиерот Алексис Ципрас.

Мимаракис не ја отфрли можноста за поширока соработка со Владата додавајќи дека, сепак, тоа не е нешто што го посакува премиерот.