Нова демократија победи во првиот круг од локалните избори во Грција
Според досегашните резултати од гласањето, владејачката конзервативна партија Нова демократија победи во првиот круг од локалните избори.
Мал одѕив на гласачите е забележан во главниот град Атина.
Конечните резултати се очекуваат во раните утрински часови.
Статистиката на досега преброените гласови речиси ги потврдува предвидените резултати со апсолутна супериорност на кандидатите поддржани од владејачката Нова демократија.
Во 9 од 13 области, конзервативците победија во првиот круг. Претходниот градоначалник на Солун не успеа да ги добие потребните 43 отсто и оди во втор круг.
„Граѓаните ја потврдија својата доверба во НД и нејзините избори“, нагласи грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.
„Владата си ја продолжува работата нормално, следната недела ќе се бориме во вториот круг за оние кандидати кои не биле избрани од првата недела“, рече тој, пренесе „Катимерини“.
Фаворити за градоначалник на Атина и Атика повторно се кандидатите на конзервативците.
Импресивен е успехот на градоначалникот на градот Волос, кој за време на поплавите жестоко ја критикуваше власта, а денеска уште еднаш ја освои градоначалничката функција со 55 отсто од гласовите.
Просечниот одѕив на гласачите во земјата е 45 отсто.
Ново на Сител
-
ДУИ: За првпат по 2001, ниту една раководна позиција во тајните служби не е во рацете на Албанец
-
Усогласени нови правила на ЕУ за отпадот од храна и текстил
-
Сервер: Договор кој ќе го компромитира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот
-
Нов пакет санкции од Брисел за Москва
-
Зеленски: Поради руските напади во Одеса најмалку 160.000 луѓе се без греење и електрична енергија
-
Од 1 Јули во Бугарија зголемување на сите пензии за 11 отсто
-
Kривична за Перпарим Бајрами: Закупил простории за Лотарија по цена најмалку два пати повиска од реалната
-
Угина мајмун во скопската Зоолошка