Балкан
21. December 2015 - 8:46

Нова демократија не доби нов лидер и партиските избори ќе се повторат во јануари

Изборите за нов лидер на главната грчка опозициска партија Нова демократија не успеаја да дадат јасен победник и на 10 јануари ќе има прегласување, информираа претставници на партијата, цитирани од БТА.

Шеесет и двегодишниот Евангелос Меимаракис - поранешен претседател на грчкиот Парламент, министер, и од јуни до ноември годинава вршител на должноста претседател на партијата на внатрепартиските избори освои над 40 проценти од гласовите на сопартијците. Неговиот соперник, 47-годишниот Киријакос Мицотакис, е втор со околу 30 проценти од гласовите.

Официјалните резултати се очекува да бидат соопштени утринава, но претседателот на партиската изборна комисија, Јоанис Трагакис веќе соопшти дека ќе има прегласување меѓу Меимаракис и Мицотакис.

Другите двајца претенденти за највисоката партиска функција не собраа доволно гласови.

И двајцата соперници се сметани за умерени, но Мицотакис - син на поранешниот партиски лидер Констанинос Мицотакис - се доживува како реформскиот кандидат