-->
-->
Нова демократија ја обвини Владата за раст на невработеноста во Грција
-->

Главната грчка опозициска партија Нова демократија (НД) ја обвини Владата дека не може да се справи со проблемот на невработеноста во земјата, додавајќи дека во декември 2016 година биле евидентирани дополнителни 24.991 невработени во однос на истиот месец од претходната година.
Опозициската партија тврди дека продолжуваат негативните состојби на пазарот на трудот и оти за тоа е одговорна Владата, која „во последните две години ги попречува или откажува планираните структурни промени и реформи“.
Според Нова демократија, грчката Влада не презентирала план, ниту ги презела сите мерки за поттикнување на вработувањето и борбата против непријавената работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
-

Помалиот син на премиерот е во добра здравствена состојба по труењето во ОУ „Димо Хаџи Димов“
-

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите
