Нова демократија бара известување од Коѕијас за информациите на Милошоски
Oпозициската Нова демократија, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, бара известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор со ПЈРМ“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Нова демократија соопштуваат дека вчера во 17.45 побарале информации од Никос Коѕијас, а до моментот на издавање на денешното соопштение-12.40, не добиле никакво известување.
- Очигледна цел на господата Ципрас и Коѕијас е да ги одведат земјата и граѓаните пред свршен чин. Уште еднаш го предупредуваме премиерот: не поседува политички легитимитет да ја обврзе земјата и ќе има комплетна лична одговорност ако се согласи за договор што ќе заврши врз интересите на Грција, соопштуваат од Нова демократија.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот