Свет
24. August 2016 - 12:02

Нова „бура“ во односите меѓу Германија и Турција

Етнос - Атина

Односите на Германија со Турција уште еднаш „акробатираат“ и се движат по затегнато јаже по истекувањето на германски документ во кој „султанот“ е поврзан со крајни исламистички и терористички групи од Сирија, Египет и Палестина.

Документот е одговор на владата на барање од пратеник од партијата Левите и ја опишува Турција како „централна база за дејствување на исламистички организации од регионот“.

Односниот документ кој беше објавен од државната телевизија канал АРД, беше дочекан со гнев од турската влада која побрза да побара објаснување од германската страна.

Во истото соопштение турската страна бара од германските судови да ја објаснат содржината на документот и истакна дека Турција е држава која „се бори против тероризмот независно од каде тој доаѓа“.

- Истото го очекуваме и од сојузниците на Турција, стои во соопштението.

Еве што одговори германската страна:

Без да ја потврди содржината на документот, германското министерство за внатрешни работи призна дека дозволиле грешка испраќајки во писмена форма одговор на пратеник без претходно да се посоветува со тоа со министерсвото за надворешни работи.

Во обид да ја ограничи дипломатската штета од тоа истекување на документот, портпарол на министерството за внатрешни работи го истакна значењето на Турција во борбата со вооружени групи.

- Ние сме длабоко убедени дека Турција е најзначајниот партнер во борбата против Исламска држава, рече Јоханес Димрот.

Од своја страна, германското министерство за надворешни работи одби да ја потврди содржината на документот.

- Што се однесува до објавите во медиумите, ние во целост не ја споделуваме нивната оцена, рече Завсан Шебли, портпарол на германското министерство за надворешни работи.

Реакции и хаос и во Германија

Објавувањето на докуметот предизвика „хаос“ и на германската политичка сцена, и некои партии во земјата бараат да бидат податоците со кои владата располага за врските на турската влада со радикални исламисти.

- Ако биле планирани можни насилни дејства од одделни организации и луѓе во Турција, тие информации треба да станат цел на внимание во парламентот, рече одговорниот за надворешна политика во Социјалдемократска партија, кој во интервју на радио појасни дека треба да бидат земени во предвид и последиците од тоа.

Од страна на германските Зелени, претставник одговорниот за надворешна политика во партијата Јурген Тритин, изјави дека извесно време досега Турција се смета за земја преку која минуваат оружени пратки и нафта за исламистички организации во Сирија, и заради тоа на неа паѓа дел од вината за бегалската криза.

- Терминот „база за дејствување“ е сериозно обвинение, рече Ролф Муцених за весникот Франкфуртер рундшау, и дополни дека „главниот критериум ќе биде дали таа база била користена за насилни дејствија“.

Позицијата на Социјалдемократската партија всушност се интерпретира и во контекст на ситуацијата дека одговорот за левицата бил подготвен од министерството за внатрешни работи, кое дозволило процедурална грешка и не се консултирало со министерството за надворешни работи, како што рече неговиот претставник.

Но Јурген Тритин отиде подалеку опишувајќи ја Турција во интервју за германско радио како „сериозен фактор“ и како „дел од проблемот и од негово решение“ во напорите за справување на причините за бегалците. Тој дополни дека веќе извесно време Турција е земја која обезбедува „логистика“ за исламисти во Сирија.

- Без финансиска, материјално-техничка и организациска поткрепа, терористичкиот систем не би можел да постои, но и без Турција, војната во Сирија не може да заврши, рече уште тој споменувајќи за постоењето на една „горчлива реалност“.

Застанувајќи на фактот дека министерството за надворешни работи не знаело за парламентарното прашање, тој спомена за нарушување на правилата за работа на владата.

Портпаролот на парламентарната група за левицата, Зара Вагенкнехт го рече ова „скандал“ и на Твитер ја обвини владата дека ја скорило оценката за Турција. „Партнерството со кумот на тероризмот Ердоган треба да заврши“, повика таа.