Нова „балканска бегалска рута“ преку Црна Гора и Далмација

Вчерашното приведување на петмина илегални мигранти во реонот на Дубровник од страна на припадници на хрватската полиција, ги поттикнуваат стравувањата за отворање нова „балканска бегласка рута“, која сега би минувала преку Црна Гора и хрватскиот приморски регион Далмација, оценуваат денеска медиумите во Хрватска.
Хрватската полиција соопшти дека вчера во реонот на Коновале привела петмина Иранци, кои илегално влегле во Хрватска од територијата на Црна Гора. Од нив само двајца поседувале документи за лична идентификација.
По утврдувањето на нивниот идентитет, на петмината Иранци им е воведена двегодишна забарана за влез на хрватска територија, по што се вратени во Црна Гора, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Хрватска.
Хрватските медиуми наведуваат дека ова е еден од ретките откриени обиди на илеглани мигранти да заминат за западна Европа преку хрватското јадранско крајбрежје, но е показател дека тие бараат нови рути преку Балканот за стигнување до земјите на ЕУ.
Според медиумите, тоа би значело можност за формирање нова „балканска бегалска рута“, откако старата траса, низ Македонија и Србија, преку која минатата година речиси еден милион бегалци, во најголемиот број од Сирија, Авганистан и Ирак, заминаа за западноевропските земји, беше прекината со затворањето на границите за илегалните мигранти.
Процесот на затворање на старата „балканска бегалска рута“, почна кога прво Австрија и Унгарија ги затворија своите гранци за влез на мигранти, по што слична мерка воведоа и Хрватска, Србија и Македонија и илјадници бегалци останаа заглавени на грчко-македонската граница кај Богородица.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
