Нова автобуска линија „2Б“ од село Сарај до Ченто

Нова пробна автобуска линија „2Б” почнува да функционира од денеска на релација с.Сарај до населба Ченто и обратно. Почетна/крајна станица на „2Б” во с.Сарај, како што информираа од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, ќе биде на почетно/крајната станица на „2″.
Трасата на „2Б” ќе биде идентична со трасата на „2″ од Сарај до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжи по булевар „Александар Македонски”, па улица „М.А.Ченто” до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45)
По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај). Линијата „2Б” ќе функционира од понеделник до петок. Возен ред: Од Сарај: 7.07 ч, 9.18 ч, 11.28 ч, 13.31 ч, 15.49 ч и 17.55 ч., а од Ченто: 6 ч, 8.10 ч, 10.20 ч, 12.30 ч, 14.40 ч и 16.50 ч.
Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот, информираат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
