Нова анонимна дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет
Косовската полиција го опколи денеска напладне Ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ во центарот на косовската престолнина, откако повторно беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Анонимна дојава за подметната бомба во истиот објект имаше и пред точно една недела, кога полицијата утврди дека заканата е лажна. Ден подоцна поради исто така лажен аларм беше евакуриано и едно средно училиште во косовската престолнина.
Портпаролката на косовската пполиција за приштинскиот регион, Фљора Ахмети изјави за медиумите дека, како и во претходните случаи, заканата е испратена по електронска пошта.
Веднаш по добивањето на информацијата на местото на настанот пристигна анти-минерски тим од полицијата, кој ги евакуира присутните и го изолира објектот и дворот на Ректоратот со полициски ленти.
Ново на Сител
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
