-->
-->
Нов земјотрес од 3,5 степени според Рихтер во Охридско
-->

Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во 08 часот и 36 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Уште десетина послеби земјотреси се регистрирани во Охридско изминатата ноќ.
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
