Нов Зеланд набави доволно вакцини од „Фајзер“ за целата популација

Нов Зеланд набави доволно количество од вакцината против Ковид-19, заеднички изработена од „Фајзер“ и „БиоНТек“, за да се вакцинира целото население, изјави денеска премиерката Џacинда Ардерн, јави ДПА.
-Среќна сум што денеска можам да објавам дека потпишавме договор за купување на дополнителни 8,5 милиони дози од вакцината на „Фајзер“. Дополнителните дози ќе бидат доволни за вакцинирање на 4,25 милиони луѓе, рече таа на прес-конференција.
Дополнителните дози од почетната нарачка за купување значат дека владата „ќе купи доволно дози за сите во Нов Зеланд да бидат целосно вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, додаде премиерката Ардерн.
Нов Зеланд вакцинацијата ја почна минатиот месец со вакцините на „Фајзер“ и „БиоНТек“, што прво им беа дадени на здравствените работници. Се очекува до крајот на годината да бидат потребни околу пет милиони дози вакцини за сите во земјата да бидат целосно вакцинирани.
Министерството за здравство со компанијата „Фајзер“ работи врз распоредот за испораки и имунизацијата да се забрза до средината на годината, рече Ардерн.
Таа додаде одлуката земјата да се потпре само на вакцината на „Фајзер“ се должи на високата стапка на нејзина ефикасност и дека фактот што се има само една формула „ќе го поедностави вакцинирањето“.
Нов Зеланд досега имаше подобра здравствена слика за пандемијата во споредба со повеќето земји, благодарение на строгите затворања на границите и силното следење на контактите.
Земјата досега пријави малку повеќе од 2.000 случаи на Ковид-19 и вкупно 26 смртни случаи, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
