Нов Зеланд дополнително ги олеснува мерките против Ковид-19
Веќе нема да биде потребно посетителите на Нов Зеланд да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска премиерката Џасинда Ардерн, јави ДПА.
Во земјата ќе престане да важи и мерката за носење маски, освен во здравствени и установи за нега на стари лица.
– Време е безбедно да се сврти страницата од нашето управување со Ковид-19, да живееме без вонредните мерки што ги користевме, додаде премиерката.
Земјата ги затвори за сите своите граници во март 2020 година, а повторно беа отворени во јули годинава.
Како што информираше Ардерн, барањето туристите да се тестираат при пристигнување и повторно на петтиот ден, сега ќе биде „охрабрувано“, наместо задолжително.
– Денес се означува пресвртница во нашиот одговор. Конечно, наместо да се чувствуваме како Ковид-19 да диктира што се случува со нас, нашите животи, нашите иднини, ние си ја враќаме контролата, нагласи премиерката.
Меѓу другите промени што започнуваат од денеска, се и изолација во времетраење од седум дена само за оние чиј тест ќе биде позитивен на коронавирус. Изолација нема да биде потребна за контакти од исто домаќинство, ами ќе бидат подложни на дневен Ковид-19 тест пред да продолжат со својот живот нормално.
Земјата спроведуваше нула-Ковид стратегија голем дел за време на пандемијата, вклучувајќи национални локдауни во март 2020 и август 2021 година, кога делта и омикрон варијантите се појавија во внатрешноста.
Нов Зеланд, земја со околу пет милиони луѓе, евидентираше над 1.7 милиони инфекции со Ковид-19 и речиси 2.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега