Нов застој во изградбата на штипската Клиничка болница
Ревидирање на проектот за машинскиот и електронскиот дел, повторно ја забави изградбата на новата штипска Клиничка болница. Државниот секретар за здравство, Владимир Милошев вели дека грчката компанија „Интеракт“ во текот на летото од Министерството за здравство побарала ревидирање на проектот и согласност од Владата. Најави дека наскоро ќе биде разгледан новиот проект за електронскиот и машинскиот дел и ќе се даде дозвола за усвојување и имплементација на новиот проект.
-Според изведувачот, проектот е некаде од 2015 година, со кои се надминати некои технологии, коишто изнудуваат промена на проектот. Тука е суштината на моменталниот застој во реализацијата на изградбата на Клиничката болница. Веруваме дека во најскоро време проектот ќе ги помине филтрите и со една интензивна динамика во 2020 година ќе дојде до завршување на првата фаза од Клиничката болница во Штип, вели Милошев.
Новата болницата треба да чини 30 милиони евра и да обезбеди квалитетни здарвствени услуги за потенцијални 200.000 пациенти од регионот.
За изградбата на новата болница предвидени се пари и во буџетот за 2020 година. Ресорот здравство наредната година ќе има на располагање вкупно 120 милиони евра.
Инаку, ова е четврти застој на изградбата на болницата во Штип, претходно градежните работи се стопираа поради проблемите со подизведувачот, односно штипски „Бетон“, кој веќе оди во стечај. Во стечајната постапка пријавени се 580 доверители, кои бараат дел од имотот на поранешниот градежен гигант и најголем корисник на тендерите од проектот „Скопје 2014“.
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина