Нов закон: Се укинува ДДВ-то за уметници и спортисти во Индонезија

Индонезиската Влада денеска одлучи да го укине ДДВ-то на сите манифестации на кои учествуваат, или ги организираат, уметници и спортисти. За 19 отсто од сега во оваа 256 милионска држава ќе бидат помали давачките за осум категории на уметнички и спортски манифестации.
Данок на додадена вредност нема да плаќаат организаторите на забава на музички концерти, фолклорни и модерни играорни претстави, модни ревии, натпреварите за избор на убавица, циркуски претстави, ноќните клубови, караоке собиралиштата, дискотеките и овде популарните маѓионичарски претстави. Од ДДВ се ослободени и претпријатијата за прикажување на филмови.
Министерството за финанси ги ослободува од ДДВ сите приходи од спортските манифестации, вклучувајќи ги тука и коњските и авто-мото трки.
Портпаролот на ова Министерство соопшти дека одлуката стапува на сила 30 дена по објавувањето, додавајќи дека државата свесно се откажува од добар дел на приходите во буџетот со цел да овозможи повеќе уживање и забава на граѓаните.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
