Нов украински извештај за Северодоњецк: Одбиен рускиот напад, борбата не е завршена
Украина го одби рускиот напад на својот клучен источен град, се тврди во најновиот украински воено оперативен извештај.
„Нашите војници успешно го запреа нападот на градот Северодоњецк, борбата е во тек. Обидот за заземање на блиските градови Тошкивка и Устинивка, исто така е неуспешен“, наведува Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Според регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Хајдај, руските сили бомбардираа украински позиции со интензивни артилериски, воздушни напади и постојани борби по улици.
Во клучниот град за што со денови се водат тешки борби, останаа меѓу 10.000 и 11.000 цивили, покажуваат извештаи.
– Воената состојба во Северодоњецк е постојано тешка. Нашите вооружени сили ги зацврстија своите позиции, држејќи ги границите во градот што ги зазедоа. Борбата не е завршена. Орките (руските сили) внесуваат сè повеќе и повеќе сили, многу артилерија и опрема се концентрирани овде со што го напаѓаат градот. Орките се обидуваат да напредуваат, ние ги запираме. Нашите вооружени сили даваат сè од себе за да го одбранат градот, изјави за национална телевизија, шефот на градската воена управа на Северодоњецк, Олександр Штриук.
Ново на Сител
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети
-
Откупот и продажбата на земјоделските производи 3,6 милијарди денари, зголемени за 7,2 отсто
-
Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид
-
Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата