-->
-->
Нов трофеј за Ц.Звезда во АБА лигата
-->
Црвена звезда по петти пат во последните шест години е шампион во регионалната АБА лига, откако во одлучувачкиот петти натпревар против црногорскиот ривал Будуќност на домашен терен стигна до 67:60 (15:14, 18:14, 20:21, 14:11) победа.Во финалната серија со клубот од Подгорица, двата клуба не успеаја да ја искористат домашната предност, губејќи по еден домашен меч, но Звезда имаше предност што „мајсторката“ ја играше дома по најдобриот скор во регуларната сезона.
Одбраната на двата тима беше расположена од стартот на мечот, откако по 10 минути игра Звезда имаше само поен предност (15:14). Но, од втората четвртина „црвено-белите“ го контролираа резултатот и дојдоа до седум поени предност, која ја оддржуваа до крајот на мечот, не дозволувајќи Будуќност да влезе во серија.
Ленди Нкоко имаше 17 поени за победниците, Џордан Лојд додаде 15, додека кај Будуќност најефикасен беше Џастин Кобс со 21 поен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
