НОВ ТЕРОРИЗАМ - СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ СО ПОЛИЦИЈАТА: Има многу мртви и ранети цивили!
Жестока воена битка се води во моментов на Филипините. Терористичката група на “Исламска држава” зазеде цел град. Против нив се испратени ескадроните на смртта на претседателот Родриго Дутерте кој ја прекина посетата на Москва, за да се врати дома и да ја надледува операцијата против терористите, соопшти Лајф Ру.
Поради закана од ИД, претседател на Филипините објави воена состојба на вториот по големина остров – Минданао
Ситуацијата во регионот се вжештува. Според податоците на медиумите во јужниот дел на Филипините избувнале најмалку два експлозии.
Како резултат на нив загинале најмалку 14 лица, а се повредени повеќе од 50. Рачно изработена бомба експлодирала во рикша која била паркирана на локалниот пазар. Друга бомба експлодирала во станбен кварт. Според податоците за време на судирите со екстремистите загинале најмалку двајца полицајци.
СНН Филипини информира дека членовите на групата “Маут”, се обврзала на верност на “Исламска држава и го презела градот Марауи, кој се наоѓа во провинција Лана дел Сур.
Како одговор на нападот натерористите, во реонот се испратени силите за специјална намена, познати како “одредите на смртта”, кои се под раководство на генерал Реституто Педи.
Во градот и неговата околина се одвиваат тешки борби. Рускиот претседател Владимир Путин вечерва одржа вонредна средба со Дутерте, пред филипинскиот претседател да отпатува Манила, соопштија од Кремљ
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење