НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН: Паника меѓу граѓаните!
Едно лице е убиено, а осум се повредени кога комбе влетало во толпа, по полноќната молитва, во близина на една џамија во Лондон. Како што пренесе британскиот сервис Би-би-си, полицијата дваесет минути по полноќ објави дека се случил „голем инцидент“ во близина на џамијата Финсбери парк.
Според очевидци, возачот на белото комбе намерно влетал во толпата луѓе кои излегувале надвор по рамазанската молитва. Според некои информации, во комбето имало три лица, двајца мажи успеале да избегаат, а возачот бил уапсен. Очевидци на медиумите им изјавиле дека имамот на џамијата Мухамед Махмуд го заштитил возачот од гневната толпа.
Од лондонската полиција соопштија дека бил уапсен 48-годишен маж, кој го управувал комбето, но и дека нема други осомничени за нападот. По нападот се огласи и премиерката Тереза Меј, која рекла дека нападот се третира како „потенцијален чин на тероризам“. Меј најавила дека утрово ќе одржи итен состанок со единиците „Кобра“.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, истакнал дека се работи за „ужасен терористички чин“ наведувајќи дека се работи за „невини жители на Лондон“, кои ја завршиле својата рамазанска молитва. Муслиманската заедница во Велика Британија го осуди инцидентот наведувајќи дека е мотивиран од исламофобијата, додека лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, рекол дека е шокиран од она што се случило.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни