-->
-->
Нов термин за ракометното дерби Вардар – Металург
-->

Дерби натпреварот во домашното ракометно првенство меѓу Вардар и Металург ќе се игра во нов термин.
Имено, заостанатата средба од 6.коло во Плејоф лигата, закажана за утре во СЦ „Јане Сандански’’ наместо во првиот објавен термин од 19 часот е презакажана за час и половина подоцна.
По барање на телевизијата која ќе врши директен пренос од дербито, мечот ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути.
Денеска во продажба се пуштени и влезниците за овој меч, со цена од 100 денари.
Токму оваа средба може да биде и решавачка за шампионскиот трофеј сезонава бидејќи Металург во првиот меѓусебен меч во Автокоманда забележа победа со 29-26.
На водечката позиција на табелата екипата на Металург има три бодови (15) повеќе од конкурентот Вардар (12), а по нив следуваат Еурофарм Работник и Охрид со по 9, Пелистер има 6, а последно пласираниот Борец е без освоен бод. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение