Живот
28. April 2017 - 15:02

Нов светски хит: Црн сладолед

Црната боја е се попопуларна во светското кулинарство. Еден од последните хитови е сладоледот во црн корнет-вафла.

црн сладолед

Освен црн, сладоледот може да биде виолетов, син, сив, темно зелен, но корнетот секогаш е црн. Овој деликатес ќе ни биде од полза и за здравјето, оти главната состојка во него е активниот јаглен, којшто го чисти организмот од токсините.

црн сладолед

Употребата на јагленот во исхраната и разни секојдневни средства денес е се позастапена, па така, се појавија и црна паста за заби, како и маски за заштита од загаден воздух кои содржат активен јаглен.