Нов снежен бран ќе ја зафати Македонија викендов

Координативното тело при Министерството за транспорт и врски денеска ги разгледа мерките што ќе се преземат во врска со најавите за нов снежен бран што треба да ја зафати Македонија за време на викендот.
На градоначалниците им се препорачува директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои се надлежни и доколку имаат потреба да се обратат за помош до надлежните институции.
МВР, пак, треба да ги засили контролите на патните правци каде се очекува поголем интензитет на снежни врнежи, а на возачите им се препорачува да ги почитуваат правилата за носење на зимска опрема и да се придржуваат до најавите за забрана на движење на патните правци.
До граѓаните и институции се апелира редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
